Поморот на плашицата актуелен, но и алармантен проблем, и за негово надминување треба ургентно да се делува.
Зелената партија стравува од генетски колапс на ендемичните риби во Охридското Езеро. Во нивна организација и со сосоработка со Риболовното друштво Св. Апостол Петар, тие денес организираа трибина на тема „СОС за рибнинот фонд“. Претседателот на ДОМ од Охрид, Зоран Стрезоски вели, факт е дека се случи помор на плашицата и за сметка на тоа неможе институциите да играат пинг – понг, кој е одговорен. Тој смета дека треба да се детектира која институција затаила со цел да и се укаже, па да се преземат соодветни мерки за надминување на состојбата, како проблемот не би се случил и со пастрмката.
Заменик министерот во МЖСПП, Стево Темелкоски, потенцира дека се дискутира на една сериозна тема, поточно за алармантна состојба со поморот на рибите во Охридското езеро. Неговиот став во врска состојбата е дека вистинскиот пат и ориентација каде што можат да се најдат и најдобри решенија, е конструктивниот дијалог меѓу институциите, невладините организации и граѓанскиот сектор.
На трибината беше присутен Аријан Мероли претставник од албанската влада на билатералениот комитет за заштита на Охридско – Преспанското езеро. Тој рече дека кај нив нема помор на рибите, но дека од албанска страна инспекциите започнале да спроведуваат големи контроли. Како и тоа дека било одлучено да се уништат сите мрежи во Охридското Езеро, бидејќи рибниот фонд бил загрозен, а посебно пастрмката.
Експертите од оваа област укажуваат дека состојбата со рибниот фонд е сериозна и треба да се делува ургентно. А целта на денешната трибина на ДОМ е да понуди идеи и решенија за надминување на проблемот. На трибината присуствуваа претставници на еколошките друштва на Охрид и Струга, спортските риболовци, како и претставници на институции кои се инволвирани во оваа проблематика. Не беа присутни од МЈП „Проаква“, иако како што кажа Стрезоски уредно биле поканети.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град