Петрески: Не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината“

Според Петрески советниците на ВМРО – ДПМНЕ не сакаат инвестиции во Охрид туку целта им е да покажат дека градоначалникот е неспособен да ја извршува својата функција.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Aleksandar Petreski„Дојдовме до состојба да не знеме дали некогаш ВМРО – ДПМНЕ ја зборува вистината, истакна градоначалникот Александар Петрески, на прес конференцијата како одговор на обвинувањата од советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Градончалникот потенцираше дека советниците на оваа партија ден пред седницата излегле со став дека општината треба да го откупи земјиштето на граѓаните кои имаат земјиште во нацрт урбанистичките планови на Табана и Ревиера. За да вчера пак истите советници кажаа дека немаат против да има градба на овие места, само таа градба да биде автентична и да нема висококатници, истакна градоначалникот Петрески.

Riviera„Па и нема висококатници, има само еден објект зад Ривиера на паркингот каде е П + 4, а тоа не е висококатници, затоа што сите останати објекти се повисоки. Ни во Табана нема висококатници…“, вели градоначалникот Патрески.

Според Петрески советниците на ВМРО – ДПМНЕ не сакаат инвестиции во Охрид туку целта им е да покажат дека градоначалникот е неспособен да ја извршува својата функција. Се што работат, работат по налог на Скопје затоа што во оваа партија нема демократија обвинува градоначалникот. Градоначалникот образложи зошто советниците од ВМРО – Народна не гласаа за нацрт урбанистичките планови.

„Јас неочекував од ВМРО ДПМНЕ да гласаат, како што неочекував ни од ВМРО НП. Целта ми беше граѓаните и вие да ги слушнете нашите ставови. ВМРО НП не гласаше затоа што не членови од оваа патија  намерно не им се вцртани објектите во овие нацрт урбанистички планови“, додаде Петрески.  

Петрески проговори и за обвинувањата за кредитното задолжување на НИСКОГРАДБА  како и за новата цена за која доби зелено светлоод советниците за гробарина. Кредитот е наменски и се работи за враќање на стари долгови кои ги направи нивната партија кога дојде на власт. Зошто не реагираат кога нивната Влада секој месец зема кредит од 30 милиони евра за плати и пензии, истакна Петрески.
На прес конференцијата градоначалникот не пропушти уште еднаш да каже дека намерата на Владата е
По „ Скопје 2014“ и центарот на Охрид да биде натрупан со нови споменици и згради во барок стил.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top