Кривична пријава за 11 раководители кои го оштетиле „ЕМО“

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 11 лица, за сторено шест кривични дела, со кои, оштетено е акционерското друштво „Емо„ Охрид.

 |   | 
EMO
EMO

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 11 лица, за сторено шест кривични дела, со кои, оштетено е акционерското друштво „Емо„ Охрид.
Пријавата е поднесена против поранешниот генерален директор на „Емо„ Љ.С.(60) против неговите помошници за правни и финансиски работи К.М.(62) и  К.С.(54) како и против осум други лица, членови на одборот на директори: З.П.(51) К.В.(50) Д.М.(55) Н.Д.(60) З.Ц.(55) З.К.(54) М.С.(57) и С.Б.54), сите од Охрид, поради основи на сомнение дека , го сториле   кривичното  дело: „Злоупотреба на службена положба и овластување„ .   Поднесената кривична пријава,  дополнително ги товари Љ.С. и К.С.  и за кривичното дело „Оштетување или повластување на доверители„
Пријавените, во текот на 2006 година,, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и со неизвршување на свите службени должности, по претходна умисла и спротивно на статутот на „ЕМО“ донесле штетна одлука, овластувајќи го првопријавениот „Љ.С. да потпише договор со брокерската куќа на „Уни банка“ А.Д. Скопје, за оттуѓување на 4432 обични акции на „Емо“ во корист на А.Д. „Нама“ од Куманово, со поединачна вредност од 5.040 денари по акција, знаејќи дека номиналната вредност на акциите во тој момент, изнесувала 7400 денари за една акција. На тој начин, со продажбата на берза на вкупно 4432 акции, пријавените, предизвикале штета на А.Д.„Емо“ во вкупна вредност од 10.459.520,оо денари. Првопријавениот Љ.С. без посебно овластување и согласност од неизвршните членови на одборот на директори, средствата стекнати од продажбата на 4432 акции, наместо на сметката на „Емо“, ги пренасочил на сметка на „Емо Ком“ ДООЕЛ Охрид, против-правно овозможувајќи му да се стекне со материјална корист од 22.186.016,5о денари а на штета на „Емо“.
Второпријавениот К.М. во својство на службено раководно лице, со прикривање факти, пред одборот на директори, прикажал невистинита состојба, доставил лажни и презентирал погрешни податоци за потребата од ставање на продажба на 4432 акции сопственост на А.Д. „Емо“.
Третопријавениот К.С. како службено и раководно лице, во 2006 година, без овластување и согласност од членовите на одборот на директори, со писмено барање од извршител од Битола, побарал, средствата во износ од 13.893.342 денари, стекнати како разлика од продажбата на акциите, наместо на сметката на „Емо“, противправно ги пренасочил на сметката на „Емо Ком“ ДООЕЛ Охрид, со што му овозможил стекнување на незаконита материјална корист.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top