Боро Шајн, директорот на ова претпријатие се надева дека со средстватa собрани од стопанисувањето со паркинзите, за една година претпријатието ќе може самостојно да работи.
После доста шпекулации за тоа кој ќе стопанисува со јавните паркинг простор површини во градов, Локалната пресуди во корист на ЈП Билјанини Извори. Боро Шајн, првиот човек на ова претпријатие информира дека покрај постоечките паркинзи кај Ривиера, цвеќара Мартина, АСНОМ и Горна порта, претпријатието на времено користење ги доби и следните јавни паркинг простори.
„Пазар ( Tуристичка ), ул. Македонски просветители од семафорите кај Ох. Банка до плоштад ( 1 Мај, Тренд, Основен суд, Амам и Тинекс ), Кеј Маршал Тито и паркингот пред Македонски телекомуникации“, додава Шајн.
Шајн објаснува дека според првичните пресметки и анализи кои се направени, вистинската добивка од стопанисувањето со паркинзите ќе биде остварена во летниот период. Од јавното претпријатие оптимисти дека за брзо време ќе бидат акумулирани доволно финансиски средства дури и за оставрување на нови вработувања, а овој потег постепено треба да ја намали и финансиската зависност, кое претпријатието сеуште ја има од Општината.
„Морам да признаам дека со добра работа, до крајот на годината јас гарантирам дека ќе имаме средства за да самостојно работиме, вели Шајн.
Директорот додава дека дополнително ќе биде направена сондажа за тоа кои од паркинзите носат најмногу средства кои подоцна може дури да бидат издадени под концесија, од што би профитирало повторно Ј.П. Портпаролот на Општината Симон Илиевски не информира дека на една од наредните седници на советот на Општина Охрид, советниците треба да одлучат како понатаму ќе се регулира стопанисувањето со јавните паркинзи, односно дали јавното претпријатие ќе ги задржи ингеренциите, дали за стопанисувањето со паркинзите ќе се распише тендер или пак истото ќе биде решено по пат на јавно приватно партнерство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град