ТВМ се обиде да дознае каде завршува изловената, угината плашица од каналот.
ТВМ се обиде да дознае каде завршува изловената, угината плашица од каналот. Директорот на ЈП „Градски пазар“, Живка Анѓелоска информира дека во соработка со инспекциските служби веќе презеле строги мерки за да се спречи нелегална појава на продажба на плашица во пазарот .
„ До корисниците на закупените тезги напишавме соопштени да го почитуваат пазарниот ред и да не вршат продажба на риба. На влезовите од пазарот поставивме исто така писмено соопштение дека во пазарот е забранета купопродажна на риба. Појавата надвор од пазарот да се продава риба не е во наша надлежност. Но ако вработените приметат такви појави веднаш ќе ги информираат инспекциските служби“, објаснува Анѓелоска. Додава дека строго внимаваат некои несовесни закупците на тезги случајно да не подметнат продажба на риба.
Работата на пазарот е регулирана со одредби на Законот за тровија и во нив е наведено што може да се продава на пазарот, a што не. Аѓелоска децидно вели во ЈП „Градски пазар“ и пред поморот на плашицата никогаш не се продавала плашица“.
Ветеринарниот инспектор Прокопиј Поп Стефанија препорача да не се купува и конзумира угинатата плашица. Инспекторатот соработува со сите останати надележни инспекциски служби да се спречи продажбата на плашицата. Не е забележана продажба во трговските објекти, а ја нема и во рестораните, информираат од државниот инспекторат за храна. Нагласуваат дека досега не се регистрирани случаи на труења од плашица. Но, во јавноста постојат созанинија дека сепак, плашицата завршува до некои конзументи по системот на продажба од врата на врата. Затоа инспекторите предупредуваат и ги повикуваат граѓаните да не рескираат со здравјето и да не купуваат плашица.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град