Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица

Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица и бара итни и трајни решенија за подобрување на  ваквата алармантна  состојба.

 |   | 
Opshtina
општина

Локалната самоуправа е загрижена за поморот на охридската плашица и бара итни и трајни решенија за подобрување на  ваквата алармантна  состојба.

Нopstinaадлежните државни органи кои стопанисуваат со Охридското Езеро и неговото крајбрежје, односно Министерството за транспорт и врски, под итно треба да го исчисти Студенчишкиот канал во кој има повеќе од еден метар неисчистена тиња. Со чистењето ќе се зголеми длабочината на каналот и влез на езерска вода полна со кислород, неопходен за преживување на плашицата.

Вина сноси и ЕЛЕМ , кој во договор со Владата , за произзводство на струја отпушташе големи количини вода од Охридското Езеро. Со намалувањето на нивото на езерото се прекина врската со крајбрежниот појас и со тоа се дозволи помор на плашицата.

Локалната самоуправа, не гледа вина кај МЈП „ Проаква “ бидејќи не може да обезбеди поголем дотек на вода преку Билјанините извори. Се работи за затворен систем за водоснабдување на населението кој во услови на намалена издашност на изворите ,не може да испушта вода преку Билјанините извори , но и ако испушта тоа ќе биде малку за да се поправи лошата хидролошка состојба во Студенчишкиот канал. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top