Директорот на Комуналното Претпријатие ги критикува полициските служби дека минимално се ангажирани. За непочитување на одредбите од законот засега се казнети само 10 лица.
Директорот на Комуналното Претпријатие ги критикува полициските служби дека минимално се ангажирани. За непочитување на одредбите од законот засега се казнети само 10 лица.
Законот за јавна чистота позитивно се одразува врз хигиената на Струга. Граѓаните заплашени да не бидат казнети за прекршување на правилата и законските одредби, внимаваат каде ги фрлаат отопадоците. Граѓаните отценуваат дека спроведувањето на законот може да повлијае на хигиената во градот.
Граѓаните велат дека се забележува оти градот е почист по стапувањето на сила на законот.
Првиот човек на Комунално, вели дека заедно со комуналните инспектори, активно превземаат мерки за да биде чист градот. Според него, хигиената во Струга ќе биде уште поголема, но само доколку ангажираност на полициските служби би била поголема. Само на тој начин смета директорот би се стекнала поголема навика кај граѓаните да внимаваат на хигиената.
„Полицијата треба да биде поактивна. Гледаме по медиумите дека во другите градови голем е бројот на прекршители а кај нас е многу мал„-вели дирекоторот Вањон Џила, дир на Ј.П.Комунално.
Од МВР велат дека работат на спроведување на законските мерки. На подрачјето на Струга, во периодот од стапување на сила на законот за јавна чистота на 22 септември оваа година до сега се изречени 10 прекршочни пријави. Најмногу од нив се поради фрлање на смет пред јавни објекти како и од возило при движење и неколку пријави следувале поради непрописно паркирање на возила во близина на контејнери.
„Од овие 10 казни се однесуваат на 10 лица. Засега нема казни на правни лица. Една од обврските на полицијата е постапување по закон и ако се констатира прекршок веднаш се превземаат мерки“-истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.
Инаку за споредба, во истиот период во Охрид се изречени 254 казни на прекршители на законот. Заеднички е ставот на директорот на Комунано и портпаролот на СВР дека во иднина треба да се зголемат заедничката ангажираност и со тоа би се почувствувале дека хигиената во Струга е на високо ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град