Најпосле на стружани ќе им се развидели. Три милиони евра за осветлување во Струга.
Три милиони евра за осветлување во Струга. Оваа инвестиција е во рацете на струшката компанија „Сити лајт“, единствената фирма која учествуваше на тендерот за издавање под концесија на уличното осветлување. Со ова ќе се надмине еден горлив повеќегодишен проблем вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој потенцира дека се завршени сите правни работи околу отпочнување со замена на старите и дотраени светилки.
Градоначалникот Мерко, потенцира дека многу е важно што тендерот го доби струшка компанија како во секое време би имале увид во она што се работи а и како се изведува замената на старите нефункционални светилки.
Како што и самиот градоначалник кажа, деновиве отпочнале работите околу осветлувањето на градот и веќе делови на градот се осветлени. Мерко не го криеше своето задоволство од реализација на овој зафат, бидејќи вели дека мрачните улици не само што им сметале на граѓаните туку и тој лично не се чуствувал добро поради тоа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град