20 години во Центарот за кардио- васкуларни заболувања за пациентите на рехабилитација се организираат јога вежби.
20 години во Центарот за кардио- васкуларни заболувања за пациентите на рехабилитација се организираат јога вежби.Тие се изведуваат под стручен надзор на професорот по јога Ванчо Тасески. Почетоците на примената на јогата во медицинска установа како што е Ценатрот за кардиологија датираат од 1992 година. Иницијативата на професорот по јога Ванчо Тасески ја поддржале тогашните доктори од Центарот д-р Марјан Котлар, д-р Тоше Клишески, д-р Илија Прангоски и д-р Зимоски, а сега визонерски ја продолжува и директорот, д-р Никола Бакрачески. Во овој временски период над 1500 пациенти, кои биле тука на рехабилитација, стекнале вештина и знаење како да се справат со болестите и како да си го олеснат животот преку јога вежбите, вели професорот по јога Ванчо Тасески.
Со примена на јога техниките доаѓа до урамнотежување на крвниот притисок, се постигнува смиреност и се превенира стресот. Пациентите преку јога вежбите учат како да ги намалат болките во мускулите и зглобовите, а стануваат и повеќе подвижни. Исто така, од нејзината примена има и секундарна превенција. Искуствата на пацинетите кои практикувале јога се валоризирани во научни студии со кои се учествувало на бројни домашни и светски конгреси, нагласува Тасески.
Слични искуства, но со краткотрајна примена имало и во неколку медицински установи во Охрид и Струга. Во 1986 година се организирале јога вежби за болните во Заводот за нефрологија од Струга. Во 2000 година јога вежби имало за акушерките од Општа болница Охрид и Струга. Тие требале стекнатото искуство да го пренесуваат на бремените жени за полесно поднесување на бременоста и породувањето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град