Внимателно по „Mостот на желбите“

Деновиве мештаните од Канео сведоци на опасна појава.

 |  Татјана Маленкова  | 
karpa
карпа

karpaДеновиве мештаните од Канео сведоци на опасна појава. Имено тие забележале дека секој ден карпата која се надвиснува над Мостот на желбите поради надворешните влијанија попушта. Поточно огромни камења паѓаат на мостот или во езерото. Секојдневните минувачи по оваа патека гласно коментираат и предупредуваат дека ова место веќе не е безбедно и апелираат надлежните да ги превземат потребните заштитни мерки, со цел да се избегнат несаканите последици.

Ваквата состојба позната им е на надлежните од Локалната самоуправа. Од таму свесни се дека веднаш треба да се реагира и ветија дека ќе ги превземат сите неопходни мерки.

„Локалната самоуправа уште во текот на денов во рамките на своите надлежности за безбедноста на граѓаните и одржувањето на патеките и локлните патишта порачавме преку нашите задолжени служби во општината да се изготви знак преку кој граѓаните кои одат по мостот да бидат опоменати дека има одрони“, вели портпарол на локална самоуправа, Симон Илиевски.

Илиевски потенцира дека причината за овој проблем е надворешното влијание, но дека сепак мора поодговорно да се пристапи кон надминување на проблемот.
most  
„Од понеделник нашите стручни тимови ќе направат анализа кој е најдобар начин да се санира овој дел од тој карпест дел за да нема одрони, бидејќи тие можат да бидат поголеми. Водата си го прави своите“, вели Илиевски.

Од Локалната уште кажаа дека ќе се консултраат и со заводот за заштита на спомениците на културата како би добиле постручни мисења за оваа проблематика.  Добра околност што граѓаните навреме реагираа и алармираа за овој проблем, за истиот да се реши навреме затоа што во овој период од годината фрекфенцијата по мостот е многу помала отколку во престојниот период. Сепак, уште едно предупредување нема да биде на одмет, Охриѓани, главата горе кога поминувате по мостот на желбите.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top