Претставен Извештајот за напредокот на проширувањето на ЕУ

Роберт Лидел, шефот на делегацијата, истакна дека во извештајот има и позитивни и негативни критики.

 |  Крсте Голабовски  | 
izveshtaj prosiruvanje EU
извештај проширување ЕУ

izveshtaj prosiruvanje EUИзвештајот за напредокот на проширувањето на Европската комисија за 2011 содржи и позитивни и негативни критики. Истиот денес презентиран пред претставниците на охридската локална самоуправа, невладините организации, како и претставници на бизнис заедницата. Градоначалникот Александар Петрески информира дека еден од најголемите проблеми претставува процесот на децентрализација во Македонија кој е целосно заостанат. Додаде дека никако не отстапуваме од желбите и намерите Македонија да стане дел од големото европско семејство, секако со зачувување на своите посебности, но дека треба да ги прифатиме правилата на ЕУ.
„Ние треба да се промениме во однос на правилата, а не тие да се променат. Ние доброволно одиме во таа фамилија и не може да очекуваме тие да се променат. Мислам дека тоа ќе биде главниот проблем на Македонија за понатамошно пристапување во ЕУ, затоа што сите овие процеси се тотално застанати или некои процеси се вратени назад,“ вели Петрески.

Robert LidlРоберт Лидел – шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, истакна: „Ние сме тука да работиме заедно со вас, но не треба да заборавиме дека ова е партнерство имајќи не нас на едната страна, а на другата вие и вашиот народ како заедно работиме за иста цел. Лидел додаде дека веќе три години по ред ЕК ја обновува својата препорака за започнување на претпристапни преговори со Република Македонија. Со тоа, државата е подготвена да започне со преговори. Но, сепак тоа  не значи дека се е решено.
    
„Ве охрабрувам сега да го прочитате прогрес извештајот каде ќе видите позитивни и негативни критики кои сме ги дале. Во резимето велиме дека сте Вие подготвени да ги започенете преговорите, значи ги исполнувате критериумите“ објаснува Лидел.

Лидел потенцира дека најголем број од критиките се однесуваат на  имплементирање на законодавството, како и грижата за обезбедување на сите адекватни ресурси за соодветна имплементација на законите. Шефот на делегацијата на ЕУ го најави и отварањето на Инфо центарот во Охрид оваа година, кој ќе биде сместен во центарот за услуги во склоп на општина Охрид, кој пак ќе им овозможи на граѓаните да имаат пристап до информации од јавен карактер, да дознаат што е тоа Европска Унија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top