Стресот го убива срцето

Срцево-садовите заболувања имаат тренд на пораст меѓу македонското население како и во останатите пост транзициски земји.

 |  Валентина Неловска  | 
srce
срце

srceСрцево-садовите заболувања имаат тренд на пораст меѓу македонското население како и во останатите пост транзициски земји. Овие заболувања и  понатака го држат прво место по смртност. Додека кардиоваскуларните болести кај нас се зголемуваат, во развиените земји нивниот број е во опаѓање.  Примариус д-р Лазар Коњановски, интернист кардиолог, укажува на загрижувачкиот факт, младите луѓе се почесто се на удар од срцевите заболувања.

Стресот и понатака е главен ризик фактор за овие заболувања кои се и причина за смртност број еден.
Д-р Коњаноски покрај стресот ги наведува и останатите фактори како што се хиперлипидемијата, дијабетот, зголемениот крвен пристисок. Укажува дека секој ризик фактор се триплицира за добивање на некое срцево садово заболување.

 

srceЛекарите   предупредуваат на редовни контроли на здравјето, намалување на стресот и прифаќање на здрави животни навики.  При тоа, кардиологот Коњаноски,  потсетува дека регионот има на располагање кардиолози  кои навремено поставуваат дијагноза и применуваат интервентни процедури. Тој го насочува вниманието и кон останатите васкуларни болести кои се подзаборавени, а се оденсуваат на цереброваскуларните акциденти кои се васкуларни заболувања на долните екстремитетите.
За сензибилизирање на јавната свест кај населението за овие заболување се одбележува неделата за борба против срцево-садовите заболувања. Активностите започнуваат од 21 и ќе траат  до 28 февруари. Со низа активности општинската организација на Црвениот крст ќе посвети внимание за овие заболувања со предавања за спречување на болестите, но и за двање прва помош при мозочни изливи и срцев напад.
Покрај предавањата за возрасната популација планирани се типизирани советувања за основците и средношколците. Вo недела, ОО ЦК организира и заеднички излет до Велестово каде што ќе се мери крвен притисок и ќе се добиваат совети за превнирање на овие заболувања.
 

   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top