Во водите на Охридското Езеро, во близина на кејот, викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј.
Во водите на Охридското Езеро, во близина на кејот, викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување.
„ Од првичната хемиска анализа се констатирало дека се работи за нафтени фракции , мешавина од бензин и нафта кои ги користат моторните чамци“, информира Точков.
Оваа појава на истиот потег се случува по втор пат за година и пол, а сторителот не е откриен. Точков појаснува дека штетноста од ароматичните јаглеводороди кои се во нафтата се штетни за флората и фауната во Охридското езеро. „Фотосинтезата и размената со кислород е намалена во такви услови. Иако 25 проценти од самите полесни фракциите испаруваат од таа дамка, а останатиот дел со помош на фотооксидација и на микроорганзимот ќе се разгради но сето тоа преставува штета за еко системот, вели Точков“.
Во меѓувреме, Државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски не информита дека по добивање на целосните резултати од извршената анализа од страна на Центарот за јавно здравје, согласно законот, до Јавното обвинителство ќе поднесат кривична пријава против непознат сторител, со цел преземање активности за откривање на сторителот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град