Н.П „Галичица“ денес го прослави јубилејот 50 години од неговото формирање. Во текот на петте децении постоење националниот парк имал различни развојни фази.
Н.П „Галичица“ денес го прослави јубилејот 50 години од неговото формирање. Во текот на петте децении постоење националниот парк имал различни развојни фази.
Зоран Ангелоски директор на оваа институција вели изминативе 50 години не беа лесни во работењето на паркот. Почнувајќи од обезбедување приходи за установата, па се до зближување и соработка со локалното население.
Директорот Ангелоски потенцира дека се трудат паркот максимално да го приближат до посетителите според нивната возраст и потреби. Се бележат планинарски и едукативни патеки за деца, а во наредниот период им престојат за реализација неколку проекти со КВФ Германската банка и изработката на деловно информативниот центар, финансиран од италијанското Министерство за надворешни работи.
Денешниот јубилеј, од НП „Галичица “ го одбележаа работно. Вработените од паркот и специјалната единица за спасување при Црвениот Крст – Охрид изведоа вежба – спасување на параглејдерист на местото викано „Липова ливада“. Пред шест месеци потпишавме меѓусебен меморандум за соработка на полето на безбедноста на планина, вели Антонио Додески од единицата за спасување при Црвен крст Охрид. Се надеваме дека во престојниот период ќе обезбедиме професионална екипа со 24 часовно покривање на терените со потребите од спасувачки акции во различни ситуации додава Додески.
НП „Галичица“ се протега на површина од 25.000 хектари и еден од трите национални паркови во земјава. Директорот Ангелоски нагласува дека имаат одлична соработка со општина Ресен каде што дел од паркот се протега, а се работи и на проширување Форумот за заштита на животната средина и од Албанска страна.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град