Бабата или трапот…некој лаже

Вистината објавена на нашата телевизија во врска хаосот кој го предизвика снегот, го засегна директорот на Комунално од Струга. Кутаноски, наместо да го реши проблемот на стружани почна да се правда на Фејсбук.

 |  Билјана Николоска  | 
kej na Crn Drim Struga 17.02 2012
kej na Crn Drim Struga 17.02 2012

Снегот во Струга не е лански. Тој оваа зима падна и подолго време се задржа на струшките улици предизвикувајќи голем број проблеми за граѓаните. Но очигледно надлежните замижуваат и ги занемаруваат своите обврски. Директорот на ЈП „Комунално“ Струга, се најде засегнат од вистината искажана на телевизија ТВМ дека Струга е окована во мраз и обвиена со дебела снежна покривка.Нашата констатација се совпадна и со анкетираните стружани, а и со многубројните гледачи кои изминативе денови интензивно се јавуваат во нашата редакција и упатуваат критики за состојбата во Струга. Директорот, наместо да најде доблест и јавно да излезе пред граѓаните и да објасни што всушност работи ЈП во вака вонредни услови, тој ја искористи социјалнта мрежа Фејсбоок за да га го каже својот став.

Еве го неговиот коментар во целост.

„Или ТВМ телевизија не сака да ги разбере работите или пак ги разбира ама очигледно има намера да копира една телевизија која од недоамна ја нема на ниту еден канал иако беше национална и една од најгледаните.
НО ајде уште еднаш да им објаснам – ЈАВНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОД СТРУГА е единствено надлежно само за чистење на снегот од чаршијата и кејовите за кој што и сами констатирате дека се единствено чисти.
Сепак мислам дека иако новинарката добро ги знае приликите и тера инает, иако неколку пати и се опрости од наша страна за клеветите, невистините и лагите во неколку наврати, овој пат ке мора тоа да им го објасни на официјалните органи. Не може да се линчува некој по *систем волкот и јагнето на изворот***…… а за тоа да не се сноси одговорност.
ПЕТКО КУТАНОСКИ “
kej na Crn Drim Struga 17.02 2012
Само да појасниме за целокупната јавност, а и за господинот Кутаноски кој очигледно Законот за јавна чистота го чита меѓу редови, дека во надлежност на ЈП не е само да ја чисти чаршијата и кејовите туку и сообраќајниците и тротоарите. Јавно го прашуваме Кутаноски, каде завршуваат парите кои стружани од својот буџет ги издвојуваат за оваа намена која е законска обврска и нејзината висина не е воопшто за занемарување. За улиците и тротоарите кажаа самите граѓани дека се лизгави и опасни. Но и она, за што потврдува Кутаноски дека е негова надлежност, двата кеја  на реката Дрим, не се исчистени од снегот. Ова  денеска го регистрираше нашата камера. Уште еднаш повторуваме дека телевизија ТВМ нема намера претенциозно да пласира информации туку дека секогаш се потпира на факти и релевантни информации.
Доколку Кутаноски почуствува потреба да се оправда пред граѓаните има начин како тоа да го направи. Доволно беше да испрати демант ако смета дека е искажана невистина во било која форма, а не да ја користи социјалната мрежа Фејсбук.
kej na Crn Drim Struga 17.02 2012

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top