Уште еден апел од општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Потребни се нови донации во кои меѓу другото, најважни се лековите за хроничните болни.
„Последниве денови се соочуваме со се поголема потреба од храна има се повеќе семејства кои што се јавуваат и имаат навистина потреба од храна и навистина воочувајќи ги состојбите на терен апелираме до сите приватни сопственици на мали маркети, дури и на оние поголеми маркети кои што можат со прехрамбени производи да помогнат во наредниве неколку денови, да помогнат. Ние очекуваме помош и до Црвениот крст на Македонија веќе е испратено таму нашето барање штом ќе обезбедат одредена количина во ќебиња и прехрамбени пакети ќе ни бидат доставени.“-вели секретарот на Црвениот крст од Охрид, Антонио Додевски.
„Но ние не оставивме на случајност, нема да чекаме помошта да стигне, еве со апели, со подршка од граѓаните со на некој начин институции од градот. Веќе имавме неколку интервенции во Речица, во Свиништа им дадовме ќебиња и храна на оние семејства кои што ние ги имаме во нашата евиденција, исто така има потреба од лекови овие семејства што ги посетивме имаат потреба и од лекови. Овие семејства кои што ги посетивме се претежно стари лица, лековите кои што ги користат се прилично скапи а добар дел од нив немаат ниту пензија ниту некакво осигурување така да имаме сериозен проблем во тој дел имаме уште села во кои што имаме вакви социјално загрозени семејства.“-рече Додевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град