Политиката замеша прсти и во културата

Режисерот на претставата „Григор Прличев“, Миле Волканоски не е задоволен од посетеноста на истата од страна на охридската младина. Тој тврди дека причините за ваквата појава се чисто политички.

 |  Лионела Јаковлева  | 
pretstava
pretstava

Режисерот на претставата „Григор Прличев“, Миле Волканоски не е задоволен од посетеноста на истата од страна на охридската младина. Тој вели иако оваа претстава е правена врз основа на книгата која е лектира во средното образование учениците не покажаа интерес да ја видат.

Волканоски тврди дека причините за ваквата појава се чисто политички. Тој вели „политиката замеша прсти и во културата“ и додава поради фактот што поголемиот дел од директорите се од СДСМ, имаат дадено директива да не се посетува претставата.

Mile VolkanoskiОд средните и основните училишта  ги демантираат ваквите изјави на Волканоски и велат дека ниту давале некакви директиви ниту пак имаат намера да го прават тоа. Од таму  додаваат, „ изминаа времињата кога децата по директива мораа да посетуваат одреден настан. Сега тоа го прават само по сопствена воља“.

Инаку претставата „Григор Прличев“ во Охрид е одиграна девет пати, а на репертоарот во Центарот за култура ќе биде се до Нова година. Во нејзината изведба учествува млада аматерска актерска екипа. Денес гостуваат во Кичево, а в петок  ќе ја одиграат пред публиката во Ресен. Волканоски очекува голем интерес во овие градови. Тој моментално подготвува нова претстава, мјузикл за деца по познатата книга „Штурецот и мравката“. Охриѓани по се изгледа ќе можат да ја видат наредната пролет.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top