Охридско лето годинава со нови програмски селектори. Директорот на оваа национална установа Васко Василески поради завршување на договорите на досегашните уметнички селектори, донесе решенија со кои именува нови селектори. Од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на драмската дејност, за селектор на драмската програма е именуван Горан Стојановски-актер, продуцент и раководител на Охридскиот театар. Додека пак, функцијата селектор на музичката програма од оваа година ќе ја врши Маја Чанаќевиќ, солист на англиски рог и обоа, вработена во Македонската филхармонија.
Досега функцијата драмски селектор на фестивалот ја извршуваше актерот Ѓорѓи Јолевски, а Гордана Јосифовска Неделковска беше селектор на музичката програма на Охридско лето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град