Еден од позначајните проекти за Завод и музеј за 2012 год е конзервација на археолошкиот локалитет Манчевци. Овој локалитет кој со сигурност ќе биде идна Охридска атракција, беше случајно откриен во 2008 год, но чекаше добри времиња за негова реализиација.
„Откриената многу значајна базилика со повеќе мозаични подови, ќе биде соодветно конзервирана, покриена со заштитен покрив, по што ќе биде презентирана пред јавноста“, вели директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа додава дека посетителите ќе можат да ја видат и посетуваат во секое време.
„Постоеја сознанија дека на тоа место постои базилика врз оснива на сондажни испитувања во зимскиов период тоа е оневможено. Дури не се доиспита до каде се протега базиликата неможе да се гради објекот. И ние не сакаме кога им ги одземаме на луѓето објектите бидејќи таа е многу сложена работа“, додава Паскали Бунташеска.
Во моментов поради студеното време стопирани се градежните зафати на археолошкиот локалитет Манчевци. Но од завод и музеј додаваат дека штом студот ќе попушти веднаш ќе се излезе на терен и ќе се изведе испитувањето на просторот.
Покрај на локалитетот „Манчевци“ како позначајни проекти за Завод и Музеј директорката ги издвојува и изработката на проект за три икони од постојаната поставка на Галеријата на икони. Бунташеска додава дека предвидени се зафати и за заштита на фрескоживописот на неколку цркви во околината на Охрид, а ќе се конзервира и фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во Косел, кој пак е во петта фаза. Во организација на Завод и музеј годинава ќе се одржат и повеќе етнолошки изложби. Еден од тие проекти се однесува на истражувачката научна работа за исламските обичаи во некои села од охридскиот регион.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град