Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека добро се справуваат со снегот, бидејќи набавката на машините за чистење на снег како и количини абразив што ги предвиделе за сезонава, биле оправдани. Досега на охридските улици се фрлени преку 180 метри кубни песок и околу 50 метри кубни сол. „Не штедевме на средства и на човечки ресурси за граѓаните на Охрид да добијат адекватна услуга“, потенцира Алче. Улиците се третирале дури и кога не врнело снег, поради голомразицата, додава директорот. Само овој период потрошени се милион и двеста илјади денари за нафта, поточно трипати повеќе од средствата кои биле потрошени минатата година, вели Алче. Во расчистување на снегот од охридските улици, доброволно се приклучиле и другите јавни претпријатија од градов. Директорот на ЈП Комуналец смета дека со досегашнава работа се докажале дека се сервис на граѓаните.
Во општина Струга, непроодни се патните правци за селата Вишни, Горна Белица, Луково, Безево, Пискупштина, Нерези, Модрич, Дренок, Бороец и Јабланица, како и селата во Малесијата и тоа: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци и Буринец. Овие патни правци се во надлежност на ЈП „Македонија Пат“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град