Снегот кој интензивно паѓаше во изминативе денови во градот и околината не предизвика посеризони проблеми. Охрид е еден од најчистите градови во земјава, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Граѓаните, сопствениците на деловните простори и службите на ЈП „Охридски Комуналец“ совесно го испочитуваа Законот за јавна чистота, вели Танасоски.
„Задоволен сум во однос на дисциплината на граѓаните во расчистување на снегот пред своите домови и деловни простори. Комуналните редари и комуналниот инспектор секојдневно дежураат. Тие изрекле само 37 прекршочни пријави до несовесните граѓани,“ информира Танасоски.
Посериозни проблеми со снегот имаат жителите од некои повисоки делови во стариот дел на градот. Мештаните се жалат на неисчистените приодни улици и улички кои се лизгави и по кои тешко се движат и граѓаните и возилата.
И од инспекторатот се согласуваат дека Законот за јавна чистота потешко се спроведува во Стар град.
„Поголем проблем преставува снегот во овој дел од градот. Заради конфигурацијата на теренот многу тешко може да се пристапи во расчистувањето со механизација“, појаснува Танасоски.
Од општинскиот инспекторат се задоволни од работата на Комуналното претпријатие. Службите со расположливата механизација работеа и чистеа деноноќно вели Танасоски. Тој нагласува дека службите снегот го чистеле и во руралните средини. Со оглед на тоа што снегот паѓал интензивно службите биле максимално ангажирани и ги одржувале проодни патните правци до сите делови од охридскиот реон. Инаку, според Законот за јавна чистота општинскиот инспекторат може да изрече казна и за ЈП доколку не ги спроведува законските одредби. Казните се движат за правни лица од 500 до 1000 евра и 100 евра за одговорното лице на правниот субјект. За граѓаните, пак казните изнесуваат од 50 до 100 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град