Дали црвено вино или црвени срца? Се чини се помалку се водат полемики дали да се слави Свети Трифун или Свети Валентајн. Едноставно се слави!
Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино.
Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“ на љубениот или љубената.
Веројатно доста е од редовните полемики и тешки одлуки, дали да се слави православниот свети Трифун или католичкиот свети Валентајн? Тоа станува се помалку важно.
Иако во многу земји низ светот дури и се забранува овој католички празник, веројатно не може да им се забрани на луѓето да се љубат и да празнуваат. Правото на избор му припаѓа на секој од нас. Оттука сеедно е кој празник празнувате. Напиете се чаша вино со оној кого го љубите во име на православниот светец, и не заборавајте дека љубовта не е празник кој се паѓа секоја година на 14ти Февруари, таа треба да се одбележува секој ден од годината. А за виното….да не претеруваме…доволна е една чашка на ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град