Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња.
За една недела отруени повеќе од десет животни. Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња. Оствариле и контакт со Ј.П. „Комуналец“ од каде негирале дека труењето е извршено од нивна страна.
Од ветеринарен лекар добиена е потврда дека станува збор за труење со препаратот ЛАНАТЕ. Ова не е прв ваков случај, па поради тоа истиот е пријавен во полиција од каде е направен записник. После масовното труење на кучиња, овој случај е доказ дека тешко се стигнува до свеста на извесни граѓани. Еден апел до сите нив: „Доколку не сте љубител на домашни животни, барем оставете ги на мира оние за кои не мора ВИЕ да се грижите.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град