Избрани најдобрите спортисти од Охрид за 2011 год

Сојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година.  За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски.

 |  Татјана Маленкова  | 

Mihail ShishkoskiСојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година.  За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски.

„Искрено не очекував да бидам избран за спортист за 2011 за Охрид. Очекував екипните спортови да ги завземат првите три места. Пресреќен сум за овој избор многу повќе ми значи од сите државни првенстав кои ги имам освоено и сите купови за 2011 год. кога бев избран за надобар стрелец во категорија сениори пушка, но ова признание ми значи многу повеќе бидејќи за да го освоиш ова признание треба да си најдобар меѓу сите спортови, а не само во мојата категорија и во мојот спорт“, вели најдобар спортист за Охрид за 2011 год, Михаил Шишкоски.

Vlatko DimitrovПокрај Шишкоски наградата за најдобар спортски тренер му беше врачена на Влатко Димитров, а за најдобра екипа беше избран фудбалскиот клуб Охрид. Најуспешена млада спортиска е прогласена фудбалерката Симона Крстаноска. Во категоријата најперспективни млади спортисти признанијата ги добија стрелецот Нина Балабан и тенисерката Тања Стојаноска додека во машка конкуренција ова признание замина во рацете на кошаркарот Николче Ристески и кајакарот Рифат Левент. За најдобар млад спортист во 2011 година признанието му припадна  на  Дарко Велков член на атлетскиот клуб Охрид. Признанието за животно дело за 2011 год  замина во рацете на таткото на маратонското пливање Леко Радиќ.Признание за 50-години бокс на град Охрид му беше доделено на долгогодишниот успешен тренер Алексо Огненоски, а за јубилејни 25 години елитна женска кошарка признание доби основачот на женската кошарка Никола Михајлоски. Кошаркарскиот клуб „Колибри“ беше прогласен за најуспешен и најмасовен клуб.

„Изборот на спортист годинава беше малку проблематичен со оглед на недостатоците кои се случуваа изминатите години кога немавме избор на спортист, поради што критериумите и избор на спортист моравме да ги импровизираме“, истакна претседателот на сојузот на спортови Коста Карадимче.

Mihail Shishkoski„Ние како управниот одбор на сојузот на спортови на град Охрид се одлучивме на практична варијанта, одбравме три члена комисија од членови на управниот одбор и ги поканавме медиумите од каде одбравме двајца новинари, а еден од нив специјализиран спортски новинар и комисијата покрај согледувањата на самата комисија кои се можни спористи за 2011 год. побара од сите клубови кои работат на територијата на Охрид да доатават свои апликации и предлог по повеќе номинации како што беше и предвидено избор за спорист на годината, најмлад спортист на годината, спортиски клуб….“, истакна Карадимче.

Карадимче додава дека кога се собрал целиот матријал, на Управниот одбор му останала само задачата да го состави редоследот од десетте најдобри.  
„Имаше можеби дилема затоа што сите се од различни спортови и неможе да се класифицираат, но мислам дека и доколку направивме некоја грешка за наредната година сигурно ќе ја исправиме. Прва задача сега ни е управниот одбор да изготви критериуми за избор на спортист на годината и тие китериуми ќе ги доставиме и до релевантните спортски работници и до новинари да дада свои предлози и сугестии.

„ Тие ќе бидат жива материја, а се надополнуваат ќе се менуваат за да имаме оптимални критериуми со кои сите ќе бидеме задоволни, а плус на тоа ние имаме идеја која ќе ја реализираме и ќе избираме спортист на месец така да за јануари го имеме избрано спортистот на месецот ова сега прв пат го промовираме, ова ги знаеше само управниот одбор спортистот за 2011 год. Шишкоски беше во конкуренција и за јануари, но најуспешен едриличар е Игор каневче“, додаде претседателот на сојуз на спортови на Охрид.
Карадимче додава дека промовирањето на најдобриот спортист на Охрид за масец јануари ќе биде на состанок на Управниот одбор. Манифестацијата „Спортиста на годната“ годинава се одржа по 5 годишна пауза. Манифестацијата е во интерес на спортот, и истата не само што претставува почит кон најдобрите, туку ќе биде и мотив плус охриѓани да остврадуваат врвни спортски резултати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top