Делегација на општина Охрид, деновиве оствари 7 дневна работна посета во Турција. Тоа резултираше со договор за збратимување на училишта од двете земји како и договор за реализација на зеднички проект.
Делегација од Охрид, во посета на Р.Турција. Општината во Анкара беше претставена од советникот на ПЕИ Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и ЛЕР. Уште на првата работна средба членовите на нашата делегација успеале да постигнат договор за збратимување помеѓу две училишта, „Билкент“ од Анкара и ОУ „Братство и Единство“, од Охрид.
Кујтим Усеини вели дека задоволство е да се црпат искуства од луѓе кои очигледно на полето на образованието постигнале многу. Воедно тоа дополнително му дало поттик да размислуваат како би се направило нешто повеќе и за нашите училишта.
Работевме со многу набиена агенда, вели Илкер Мустафа. Тој кажа дека ги зацврстиле и онака добрите односи со збратимените градови Сафранболу и Јалова. Првите луѓе на овие општини добро ги пречекале и им обрнале посебно внимание, додава Илкер.
Члeновите на нашата делегација во Турција, посебно биле импресионирани од посетата во турскиот парламент. Оттаму добиле ветувања дека Охрид и вредностите со кои располага градот ќе ги претстават пред сите инвеститори.
После неколкуте работни состаноци во Анкара, средби биле остварени и во Истамбул. Охрид има шанси да влезе во Унијата на турските општини во светот, вели Илкер и додаде дека нашата општина секогаш е отворена за соработка.
Делегацијата на Охрид, кои ја посетија Турција, се мошне задоволни од приемот и гостопримството. Велат дека турците имаат широко срце и секогаш се расположени да сослушаат. Првата посета од наша страна најавена е за 19 ти мај годинава, кога 15 ученици од ОУ „Братство Единство“ ќе одат во посета на училиштето „Билкент“, со што започнуваат меѓусебните посети на двете училишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град