Охриѓани се потпишуваа во знак на подршка на семејството Спиркоски

Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице.

 |  Тања Кувенџиска  | 
sud
sud

Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице.

Голем број охриѓани денес пред Основниот суд го ставија својот потпис во знак на подршка за семејството Спиркоски, кое пред два месеца остана без својот дом. За само два часа, од 9 до 11 утринава, се потпишаа 200 граѓани.

„Дојдовме да му дадеме подршка и веруваме дека на нечесен начин ја изгуби куќата и со целото семејство остана на улица. Детето го знам од мало и е многу добро. Секој треба да го подржи“, велат граѓаните.

Јовче Спиркоски, во изминатите три дена постојано е пред вратата на Основниот суд. Бара да се донесе времена мерка по која тој и неговото семејство ќе може да се вратат во својот дом и таму да ја чекаат конечната одлука.

Jonce SpirkoskiПравно гледано случајот е јасен, вели адвокатот Раде Илиески. Донесена е пресуда со која е утврдено дека Јовче Спиркоски должи пари. Недвижноста, односно куќата му е одземена врз основ на правосилна извршна пресуда во корист на доверителот, односно тужителот Војне Голабоски.   

Најавено е дека во понеделник ќе биде изречена времена мерка по која семејството Спиркоски ќе може да се врати во домот додека не биде донесена конечната одкука. Имено, за 15 декември закажана е расправа за утврдување на сопственоста врз куќата. Ќе се бара поништување на заклучоците на извршителот за одземање на недвижноста. Како што објаснува адвокатот Илиески, поголемиот дел од семејната куќа е дивоградба изградена со пари на сопругата и поради тоа не може да биде предмет на извршување.   

Правните лица велат дека случајот со семејството Спиркоски треба да им биде поука на останатите- без стручен совет да не го ставаат својот потпис врз документ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top