Министерството за економија одвои 1,2 милиони денари за македонските занаетчии. Станува збор за доделување грантови во вредност до пет илјади евра за занаетчиите и тоа за набавка на опрема, алати и репроматеријали, како и за стручно оспособување и организрање на просторот. Овие средства се доделуваат во најголема мерка за зачувување на старите традиционални занаети, вели Сашо Богоески – претседател на Регионална занаетчиска комора.
„Ќе помогне доста затоа што има занаетчии со постари средства за работа или алати по 30,40, 50 години стари алати. Така средства до 5000 евра за самовработување бидејќи занаетчиите сме самовработени, доста ќе помогнат. Средствата ќе се користат наменски, во средства за работа, алати“ објаснува Богоески.
За грантовите може да аплицираат занаетчии кои најмалку шест месеци се регистрирани во Занаетчиската комора на Македонија или во некоја од 14-те регионални и општински комори. Богоевски објаснува дека во земјава голем дел од занаетите се во изумирање Како казанџиите, опинчарите, кувенџиите, самарџиите, занаети кои речиси и да ги нема. Интересот за грантовите во Охрид, за почеток задоволителен.
„Нашата занаетчиска комора има 162 члена, и досега најголем интерес пројавиле козметичарите. Досега од старите традиционални занатети не се пријавил никој“ вели претседателот на Регионалната занаетчиска комора.
Богоески објаснува дека Владата преку проект на Министерството за образование, ќе врши обука за постарите традиционални занаети. Така занаетчиите кои се имаат стекнато со диплома мајстор, имаат право да вршат обука на ученици. Претседателот на регионалната комора додава дека овие занаети треба да добиваат поддршка, бидејќи се насочени кон софистицирана побарувачка на пазарот и изработува производи кои имаат високоуметничка и културна вредност, што е во согласност и со европската практика.Повикот ќе биде отворен до 1 ноември годинава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град