Од Општа болница информираат дека инсулин има доволно за сите пацинети. Снабдувањето се одвива без проблеми. Објаснуваат дека одредени пациенти тешко ги прифаќаат трајните инсулински пенкала наместо досегашните за еднократна употреба.
Во моментов во Центарот за дијабет се воведува новина. Пацинтите се префрлаат на примена на трајни инсулински пенкала за кои има инсулински патрони. Старите еднократни пенкала веќе не се произведуваат и се воведуваат нови велат интернистите. Со овие пенкала ќе има заштеда на средствата за оваа намена имајќи ги во предвид обидите на министерството за здравство да се заштедат набавките кои воовој ресор се движат над 200 милиони евра. Министерот за здравство Тодоров, неодамна изјави дека се прави виртуелен централен магацин од каде ќе ги следат сите требувања. На тој начин ќе контролираат како и колку се користат лековите и материјалите кои се набавуваат во болниците во земјава.
Од јули 2010 година во Охридската болница нема никакви проблеми со снабдување на дијабетичарите со инсулин. Изработена е база дата на податоци за секој пациент и инсулин се набавува навреме, велат од Центарот за дијабет. Додаваат дека со тоа е спречена навиката за создавање на домашни залихи кој резултирал со вештачки недостиг од инсулин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град