Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето.
Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците од Словенија кои беа специјални гости за патронот на О.У. „Григор Прличев“, а кои покрај другото имаа подготвено музичка точка на македонски јазик. Кино салата во Центарот за култура беше преполна. Покрај учениците и родителите, присутни беа голем број видни личности од образовниот и општествениот живот на градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град