Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат.
Често пати влезовите се користат и како јавни тоалети. Надлежните ги повикуваат куќните совети да се активираат.
Влезовите и дворовите околу станбените згради во Охрид најчесто се целосно запуштени и несредени. Голем број дворови се обраснати со треви и трње. Во лоша состојба се и влезовите кои се користат и како јавни тоалети.
Надлежните ги повикуваат куќните совети да се реактивираат и започнат со извршување на своите обврски. Законот за јавна чистота предвидува ригорозни казни за несредени јавни површини.
Граѓаните признаваат дека во поголем број од зградите куќни совети или воопшто не се формирани или тие не функционираат со години. Станарите најчесто не покажуваат интерес за средување на дворовите и влезовите од зградата во која живеат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град