Градоначалникот Александар Петрески ги искара советниците на ВМРО – ДПМНЕ, дека не ја почитуваат демократијата, затоа што без да ја слушнат и другата страна се повлекоа од седницата. Тој рече дека тоа е очекувано од нивна страна, но правилата на игра биле поинакви, доколку сакаат да ја напуштат седницата тоа да го направат кога ќе се гласа за одлуката. Инаку Петрески на седницата и пред останатите советници го повтори неговото вчерашно излагање од прес конференцијата, каде образложи на што се должи бранот на поскапување на давачките на ниво на општината.
Желен за жестока дискусија очигледно беше и координаторот на СДСМ Томислав Тунтев. Тој жали што колегите од ВМРО – ДПМНЕ му ја ускратиле таа можност, но сепак не остана должен и укажа на моментите заради кои дошло до тоа.
Ова не е ниту прва, ниту последна седница на која советниците зготвија добра каша. Но, и овојпат граѓаните се тие кои ќе ја вкусат, а ќе ги чини дури 40% повеќе трошок од нивниот домашен буџет. Само за пример ако досега плаќаа 1000 денари за сите три сметки сега ќе плаќат 1400 ден. Не е ли премногу за и онака тенкиот буџет на граѓанинот?
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град