Велат- со тоа конечно ќе се стави крај на безредието и ќе се зголеми безбедноста на гостите, но и нашата.
Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење.
Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта.
Преку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.
Поголемиот број угостителски објекти започнаа со воведување на ХАСАП- от дури пет години по воведувањето на ваквата обврска со Законот за безбедност на храна. Нивниот коментар е дека- како и секоја друга законска обврска, така и оваа согласно менталитетот на луѓето, се исполнува во последен миг.
Како што е познато, хотелите, рестораните, сендвичарите, односно сите кои вршат производство и продажба на храна, најдоцна 31 декември годинава,имаат обврска во своето работење да ги воведат ХАСАП стандардите. Во спротивно ќе следуваат ригорозни санкции против оние кои не го почитуваат Законот за безбедност на храна.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град