Пропаднаа во вода шпекулациите дека во Охридските основни училиште на директорската фотеља ќе седнат староновите директори. „Во Општинското Основно Училиште, Григор Прличев конкурсот е завршен, постапката е во тек и согласно законот и комисиската расправа, како и одлуката на училишниот одбор, градоначалникот ќе треба да се произнесе деновиве, по предлогот од Училишниот одбор“, вели претставникот од секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски.
„ Мислам дека ќе го почитуваме законот и во двете ОУ ќе бидат избрани за директори други лица.Неможе истите директори да останата на функцијата односно да бидат избрани за директори. Согласно законот беа два мандати и сега ќе биде распишан конкурсот и треба да видиме кој ќе конкурира“ вели претставникот од сектор за образование, Серафим Наумовски.
Наумовски додава дека во двете други основни училишта Христо Узунов и Братство Единство од наредната недела ќе отпочне постапката за избор на директор. „Согласно законот ги почитуваме роковите кои се пропишани во истиот, така да и во тие основни училишта благовремено ќе биде извршен избор на директори“, додава Наумовски.
Од секторот за образование не сакаа да откријат колку и кои кандати се заинтересирани за директорската фотеља во основните училишта.
„ Сеуште постапката е во рамките на органите на ООУ Григор Прличев и немаме сознание колку кандидати имаат конкурирано на конкурсот во училиштето сигурно го имаат податокот и да ви кажам дека постапката е во тек. Имаме информации дека и комисиски се разгледувани кандидатите и за брзо време очекуваме предлог до градоначалникот“, вели Наумовски.
Додека надлежните ги спроведуваат законите, се објавуваат конкурси, пријавуваат кандидати, поточно тече постапката за избор на први луѓе во основните училишта, а функцијата директор во истите ја спроведува в.д директор.
Имено на 11. јануари во дневниот весник „Нова Македонија“ беше објавен конкурсот за директор на Основното Општинско училиште „Григор Прличев“ и истиот траеше до 19 јануари. Што се однесува до Христо Узунов и Братство Единство конкурсот ќе биде распишан во првата недела во февруари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град