За ваквиот потег, ќе бараат одобрение од советот на општина Струга.
За ваквиот потег, ќе бараат одобрение од советот на општина Струга.
Комуналното претпријатие ќе се задолжи за да им ги исплати заостанатите плати на вработените. Управниот одбор одлучи од советот на општина Струга да побара одобрение за претпријатието да може да подигне кредит во некоја од банките во Македонија. Напорно работевме и успеавме од 8 заостанати плати да ги донесеме на половина,кажува директорот на Комуналното претпријатие.
Директорот Џила вели дека овај начин е најсоодветен и истовремено најповолен за претпријатието. Тој потенцира дека за разлика од минатиов период Комунално полека се извлекува од финансиската криза. Најголем проблем поради кој претпријатието тапка во место, е наплатата од граѓаните, кажува директорот.
Директорто вели доколку во иднина се зголеми свеста кај граѓаните и редовно ги подмируваат сметките, финасиската состојба на Комунално би била многу подобра.
„Вложуваме максимално за да ги подмириме обврските кон вработените и истовремено хигиената во градот на биде на високо ниво“, вели Џила.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град