Струга заложник на еден човек

Последниот вооружен инцидент во Струга, на нозе ги крена претставниците на невладиниот сектор. Тие денес организираа протест за безбедносната состојба во градот.

 |  Билјана Николоска  | 
Struga nevladini
Struga nevladini

Цел град заложник на насилието на еден човек. Вака претставниците на дел од струшкиот невладин сектор го окарактеризира последниот инцидент кој минатата недела се случи во Струга, каде беше инволвирана поголема група на учесници во вооружена престрелка. Помалку зачудувачки од нивна страна е тоа што сите тие како главен виновник за нарушувањето на јавниот ред и мир го посочија Александар Верушески, при тоа неиспуштајќи да ја вмешаат и политиката во целиот настан. Драгица Павлеска Попеска, од НВО Езерка вели дека крајно време е органите на прогонот  да заземат вистински став и да завладее правото на законот подеднакво за сите.   
На големо, политиката во овој настан ја вмеша претседателот на „Каприкорн 2010“, Васко Јолески. Тој иако тврди дека настапува во името на граѓанско здружение, поточно како коректор на Власта, неговата изјава беше во стилот на гласноговорниците од големите партиски  блокови.
„Гласот на стружани без поддршка на политичките органи е глас во пустина“, вели Мате Гогоски од НВО „Енхалон“, Струга. Тој додаде дека, како граѓанско здружение должност им било да реагираат на насилството што се случува во градот, иако како здружение функционираат во заштита на природата.
Градоначалникот на Струга пак, Рамиз Мерко, воопшто не се согласува со реакцијата и протестот на дел на невладините организации од Струга. Мерко тврди дека безбедносната состојба во градот е одлична и ова не е инцидент кој би можел да ја загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните. Додава, дека се друго се паушални размислувања дури можеби и тенденциозни на НВО, кои не држат место и непотребно е да се крева тензија во јавноста. Мерко категоричен дека за секоја ваква ситуација одговорна е полицијата која одлично функционира во тој дел. Апелот на струшкиот невладин сектор, народот ќе го слушне преку медиумите, бидејќи  новинарските тимови беа побројни од оние кои требаше да присуствуваат на протестот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top