Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па се поставува прашањето од каде дошла.
Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па се поставува прашањето од каде дошла.
Во езерото нема охридска пастрмка, но затоа има калифорниска. Вчера спортски риболовец во каналот кај Билјанини извори фатил калифорниска пастрмка тешка повеќе од еден килограм. Оваа риба не е автохтон вид во езерото па нејзиното егзистирање може да доведе до нарушување на неговата еколошка рамнотежа, вели Ѓоко Зоровски член на еколошкото друштво „Грашница“.
Зороски додава дека во Стратегијата за заштита на Охридското езеро стои и забрана на внесување неавтохтони видови во езерските води. Тој објаснува дека по никоја цена не смееме да дозволиме да се измени флората и фауната на езерото по која е единствено во светот па бара од надлежните да преземат мерки за спречување на оваа појава.
Инаку калифорниската пастрмка многу лесно може да се адаптира на условите во езерото и за брзо време да се одомаќини тука. Таа се храни со помали риби со кои се храни и охридската пастрмка па во случај да се размножи во поголем број ќе се доведе во опасност опстанокот на охридската пастрмка. Надлежните институции ќе испитуваат како оваа риба се нашла во езерото и дали можеби е подметната од наша или албанска страна. Ова не е прв ваков случај калифорниска пастрмка да се најде во Охридското езеро.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град