Историските архиви – база на националниот идентитет на една држава

Стручниот тим кој работи во Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, е од голема помош за граѓаните. Најголем проблем со кој се соочуваат, потребата од стручен кадар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Arhiv
Архив

Создавањето на документите и нивното чување во архивите е многу значајна постапка, тесно поврзана со секојдневните потреби на човекот. Документите се тука да докажат дека некој настан се случил, да докажат дека нешто е наше или дека нешто било отуѓено од нас. Есенцијалниот дел од наследството на една држава пак, уште од 1976 годинс според УНЕСКО се Државните архиви. Државниот архив го документира историскиот, економскиот и политичкиот живот на една држава, а е и нејзина база за националниот идентитет. Илинка Јанева – раководителот на подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, вели дека во нивната институција се чуваат документи од непорценливо значење. Само за пример, чувари сме на документи пишувани на Старословенски јазик на пергамент. Значи чуваме материјал од прва категорија од 14-от век до денес, објаснува Јанева.

Arhiv„Чуваме значајни документи, од кои посебно е значајна збирката на турски документи, која содржи многу значајни документи, не е во целост исчитана, бидејќи немаме ни стручно лице. На архивот му е потребен и ориенталист кој точно ќе ги провери и ќе каже какви документи чуваме кај нас“, објаснува Јанева.

Инаку  дел од тие документи е исчитан од професори дојдени од Истанбул кои информираа дека станува збор за навистина значајни документи. Но сепак, фондот сеуште не е доисчитан. Архивот во Охрид, до 1990 година работи самостојно, како Историски архив на РМ , за подрачјето на општините Охрид, Струга, Ресен и Дебар. Но со Законот за државните архиви, сите 9 регионални историски архиви во Македонија влегуваат во рамките на едниствената организација, Државен Архив на РМ и тука почнува да работи како подрачно одделение но, ја задржува територијалната надлежност за овие општинисо исклучок на ресенската општина. Од богатството кое оваа институција го чува, мора да се напомене и збирката од над 3000 матични книги, материјал особено важен за историјата на Македонија.

„Така од Дебар прибравме многу значаен материјал од приватно лице која се чуваше во подруми и е многу значајна бидејќи е од периодот од 1912-1954  година. Со неа се докажува идентитетот на Дебарскиот крај, матични книги, тапии на цркви кои денес се разрушени, не постојат, ание ги имаме документите за нив, како и за идентитето на тоа население кое живеело таму“, раскажува раководителот.

Arhiv

Дејноста на архивот се состои во тоа да ги пронајде документите, истите да ги конзервира, а документите кои се наоѓаат на терен или кај приватни лица, да ги смести во соодветни услови за чување, обработи и презентира пред граѓаните. Охридскиот архив располага со три депоа, од кои две веќе се преполни со архивска документација. Едното е празно, но потребно е негово доопремување со специјални лимени плакари и полици за чување на материјалот. Граѓаните постојано ги бараат услугите на оваа институција, посебно во овој период кога се врши приватизација и трансформација на нивните имоти и постојано се бара доказ за тоа. Стручниот тим кој работи во архивот е од голема помош за граѓаните кои често пати не знаат ни што точно бараат, вели раководителот Јанева. Тие и покрај малиот број вработени успеваат да им помогнат на граѓаните да дојдат до саканиот документ. Од охридскиот архив информираат и дека доопремувањето на слободното депо ќе се случи до јуни годинава, со што оваа институција ќе може да ги згрижи документите кои се од голема важност а сеуште се наоѓаат на терен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top