Не е малку не е многу да ја видиме судбината на МЈП „Проаква“. Истече и последниот рок за доставување на понуди за концесионирање со МЈП, 16 ти јануар. Во текот на меѓународниот конкурс кој траеше околу 5 месеци имало огромна заинтересираност на фирми., Три од нив подигнале тендерски документации, а до последниот рок за пријавување, понуда доставила само фирмата од Шпанија „Аквалија“, Мадрид. Претседателот на тендерската комисија Владо Чингоски вели дека комисијата веќе одржала состанок, на кој присуствувале и претставници од фирмата од Мадрид. Додава дека понудата на шпанците се состоела од три дела, општ, технички и финансиски. Засега од страна на комисијата позитивно бил отценет општиот дел кој се состоел од гаранции кои ги барал конкурсот. Но сепак завршниот збор после работата на комисијата треба да го дадат градоначалниците на Охрид и Струга, дали ќе го потпишат договорот за концесија или не, вели Чингоски.
20 милиони евра е финансиската инфузија која шпанците треба да и ја дадат на „Проаква“, за да може претпријатието повторно да заживее, вели Чингоски. Тој спомна и дел на важните компоненти од веќе направената студија врз која се темели конкурсот, а на кој исто така треба да одговорат шпанците.
Ова е прв обид на балканот да се даде под концесија водоводна фирма, а Охрид е првиот град од земјава кој се одлучи да го направи овој чекор. Овој пат МЈП има поддршка и од Владата на РМ. Тендерската комисијата која треба да даде оценка за документите, работи исклучиво на спроведување на постапката за концесија. Таа е составена од 9 члена и тоа, Проф. д-р Владо Камбоски, Проф. д-р Борче Давидкоски, д-р Љупчо Арнаудов, професор од технички факултет, двајца челнови од струшкиот дел, Никодин Наумоски и претседателот Владо Чингоски. Доколку се потпише концесионерството, најпрво, согласно договорот, шпанците треба да уплатат 4 милиони евра, средства кои се долг спрема КФР банката, а за кои средства Владата на РМ е гаранција. Исто така тие треба за пола година да го модернизираат водоводно одводниот систем во Охрид и Струга кој е дотраен и е извор на сите проблеми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град