Тој од градоначалникот Александар Петрески, доби златник, додека од кумот Ванчо Чифлиганец, крст со позлата.
Младиот Александар Андоноски со својата тајфа го фати бурето со бело вино. Традиционалното фрлање на десетте буриња со вино во разбрануваните води на езерото, беше главниот настан за денот на рибарите. Александар пресреќен, изјави дека неколку пати се обидува да го направи овој подвиг и дека конечно денес во тоа и успеал. Вети дека тој и неговата тајфа ќе го испијат целото буре.
Во годините кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води, рибарите го земале крстот од црквата Геракомија, за да не се казни попот и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на Охридско Езеро кај месноста Сараиште. Откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба.
Покрај големиот број охриѓани кои учествуваа на денешниот настан, својата среќа повторно ја испроба и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, а и голем број туристи се осмелија да запливаат по бурињата со вино.
„Пливав и вчера, а и денес исто така, водата не е толку ладна , баш е нормална. Прво настанот многу ми се допаѓа и редовно ја посетувам македонија секоја година, бев во Македонија за прв пат во 1999 година,а и минатата година се капев. Пливав и јас накај бурињата со вино, но мислам дека бев многу далеку од нив.“ изјави туристот од Чешка.
Годинава, за прв пат, поради големиот интерес, денот на рибарите, од месноста Сараиште, се пресели на градското пристаниште. Алексанадар, од здружението „Богојавление“, доби златник, а му го врачи Градоначалникот Александар Петрески. Додека пак од кумот, Ванчо Чифлиганец доби крст со позлата. Со денот на рибарите, завршува и прославата на Водици. Организаторите велат дека подготовките за прославата на Водици 2013 започнуваат веднаш.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град