Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој. Тилев рече дека најголема фрекфенција на пациенти била забележана на 13, 14, и 15 јануари годинава, кога во просек со скршеници доаѓале дури и по 10 луѓе. Од специјалната болница исто така информираат дека деновиве не се пријавени посериозни повреди кои би го довеле во опасност животот на пациентите, и нивните медицински тимови засега успешно се справуваат со состојбата. Не успеавме да добиеме информација од итната медицинска помош, за тоа каква е состојбата според нивната евиденција со пациенти, кои кај нив побарале интервенција поради повреди од паѓање на мраз. Во неколку наврати се обидовме да стапиме во контакт со првиот човек на оваа установа Митко Дабески, но тој не одговори на ниту едно наше барање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град