Аплицирањето за добивање на електронски здравствени картички во Охрид тешко се спроведува. Ниту на охридските пензионери, ниту на матичните лекари не им се брза со поднесувањето на формуларите. Пензионерите како најголема група на здравствени осигуреници, во останатите подрачја со далеку поголем одзив од оној во нашиот град. Фондот за здравствено осигурување токму од оваа категорија не очекуваше ваков проблем, бидејќи оттаму претпоставуваа дека поради честите посети на матичните лекари, пензионерите ќе бидат оние кои најбрзо ќе ги поднесат своите формулари. Сепак реалноста далеку поразлична.
„Охрид на ниво на Република Македонија има многу слаб одзив значи нема ни половина осигурени пензионери дојдено да поднесат формулар за електронска здравствена картичка, а таа бројка отприлика е околу 6500 лица значи кои сеуште немаат дојдено кај своите матични лекари за да потполнат формулар и дали да ги достават кај нив или дали до нас се со цел ние што побрзо да ги сработиме и да бидат спремни за дистрибуција.“-рече Бранко Аџигогов-Портпарол на ФЗОМ
Бидејќи станува збор за специфична група на осигуреници, од подрачната единица на Фондот апелираат за што побрзо аплицирање и поднесување на формуларите, а за тоа им нудат и постојана помош на пензионерите.
„Пензионерите доколку немаат потреба да одат на матичен, можат слободно да дојдат тука во подрачната, да ги земат формуларите и да ги поднесат во подрачната служба. Без потреба не мора да чекаат кај матичниот доктор само за да ги поднесат барањата или да чекаат да дојде ред за да појдат па тогаш да поднесат. Можат во секое време во подрачната да дојдат имаме формулари, копија од лична карта, имаме кој да им помогне за пополнување доколку не можат сами и да го поднесат барањето кај нас.“-вели Славе Крстаноски-Раководител на подрачна единица на ФЗОМ
Имено целата постапка за аплицирање и поднесување на формулари за електронска здравствена картичка започна на крајот на изминатата година. Заради забрзување на целиот процес, Фондот за здравство се договори со матичните лекари од земјава и тие да поседуваат формулари за аплицирање. На овој начин со самата посета на матичниот лекар, пензионерите би можеле веднаш да ги добијат своите формулари. Откако ќе се пополнат, потоа обврската на матичните лекари е лично тие да ги достават до подрачните единици на Фондот. Сепак нема објаснување каде целата оваа постапка заглави во нашиот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град