Новиот кум, проф д-р Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за верската манифестација Водици од стариот кум Лотески. Познатиот стопанственик е 10-от кум по ред, избран од граѓанското здружение „Богојавление“ и е првиот кум што нема охридско потекло. Новиот кум не го криеше задоволството од честа која му е доделена. Истакна дека по ланското капење во езерските води на овој ден имал успех на многу полиња во животот.
Кумот Чифлиганец сака прославата на Водици да ја зголеми со нови содржини. Покрај бројните подароци за среќниот фаќач на крстот и учесниците во оваа церемонија, Чифлиганец најави подароци и за неколку социјално загрозени семејства, донирање на спомен облежје за градот и стипендија за двајца студенти по информатика, Кристина Шалкоска и Дарко Домазетоски.
Градоначалникот Александар Петрески упати благодарност до здружението “Богојавление“ и нивниот придонес Водици и Денот на рибарите покрај зачуваувањето на верата и традицијата во Охрид да добијат и поголемо значење за развој на туризмот во нашиот град.
Претседателот на граѓанското здружение „Богојавление“, Љупчо Арнаудов истакна дека е задоволен од храбрата одлука на упрваниот одбор годинава кумот на Водици да не биде со охридско потекло.
За 10 годишниот јубилеј од возобнувањето на верската манифестација Водици е снимен и документарен филм со наслов „Раст и подем на здружението Богојавление“.
Автор на документарецот е новинарот Димче Миноски, а може да се погледне утревечер во 20 часот во Домот на културата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град