Натпреварот помеѓу Македонија и Грција кој треба да се одигра денеска во рамки на Европското првенство во Холандија (почеток во 13 часот) е многу значаен и за двете репрезентации кои се во борба за третото место во групата. А третото место обезбедува место во предквалификацискиот турнир за олимпијадата во Лондон.
Токму затоа нејасна останува причината зошто грчката национална телевизија ЕРТ воопшто не ни побарала директен пренос од овој натпревар. Можеби Грците се уплашија од вчерашната одлична игра на македонските ватерполисти кои ја потопија Турција со 16- 4.
Како и да е, наместо пресметката со македонија, Грција ќе го пренесува натпреварот на својата женска ватерполо репрезентација која игра против Италија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град