Поетот, Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.
Поетот, Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.
Тој доаѓа на местото од Иљаз Османи. Славе Ѓорго Димоски вели дека СВП заедно со Фестивалот „ Охридско лето “ се најголемиот културен бренд на Македонија. За две години поетската манифестација ќе слави 50 годишен јубилеј. Мојата цел како Претседател на Управниот Одобр е да направам осовременување на фестивалот и во содржинска и во концепциска форма, и да биде подготвен како спектакл на светската поезија, вели Ѓорго Димоски. Поетот Ѓорго Димоски потенцира дека фестивалот треба да се сфати како сервис за културен извоз на литературното милје. Во Македонија творат голем број поети, а располагаме и со огромно поетско наследство.
Заради јазичната стеснетост нашата поезија не е доволно раширена и позната во светот вели новиот претседател на УО на СВП, Ѓорго Димоски. Во последно време, културната манифестација СВП добиваше тенденција на затварање во тесни рамки.
Поетската манифетсација го изгуби предзнакот фест за пошироката маса, додава поетот. Негова задача ќе биде враќање на тој предзнак, а ќе направи и напори Струга преку целата година да живее, не само на полето на поезијата туку и на културата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град