Шок за концесионерите на плажите

Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите.

 |  Мишел Наумоски  | 
plaza
plaza

plaza

Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите. Старите концесии за плажите истекоа во Септември минатата година.  Претставниците од Државниот градежен инспекторат на денешната средба ги шокираа охридските концесионери. За да започне новото лицитирање за добивање на концесии, според Законот, плажите најпрво мора да бидат вратени во првобитната состојба, велат претставниците од Државниот градежен инспекторат.  Ова соопштение предизвика жестока дебата помеѓу концесионерите и претставниците од инспекторатот.

Dzeparoski koncesioner„Ние бевме пред се задоволни од оваа власт, мислевме дека крајно време ќе ги додели плажите на локалната самоуправа, а денеска бевме ставени пред свршен чин, наместо да чекаме договори за продолжување на плажите како концесионери со локалната, инспекцијата најави дека плажите треба да бидат вратени во првобитна состојба, јас се изреволтирав реков:Дали има некој нормален во државава, да го вратиме туризмов десет години наназад. Некои имаме 5, некој 7, некој 10 години вложено по плажите, тие бараат плажите да се бришан простор, од кога ќе исчистиме од објекти, од реквизити треба плажите повторно на лицитација.“-рече Илија Џепароски-концесионер.

Џепароски додава дека туризмот не се состои само од вложување пари во една сезона туку тоа е постојано надополнување, тој вели луѓето имаат вложено по 200 по 300.000 евра. Помеѓу концесионерите можеше да се слушнат и предлози за формирање на здружение со правен застапник кој во вакви случаи би им укажал правна помош. Џепароски револтирано изјави дека овој потег најмногу ќе се одрази на угледот на градот.

„Јас изразив желба, поготово јас каде што сум, Корали концесионер, да не се сруши, да се оди на понова лицитација кој сака нека ја земе ама би ги замолил да не се руши, јас изразив желба плажата моја да не се урива некој друг нека ја земе, не мора јас да ја земам, нека му ја дадат на некој друг под концесија ама да не се урива. Верувајте ова е уривање на градот Охрид.“

sredbaНа денешната средба немаше присутен преставник од  Министерството за транспорт и врски, меѓутоа, одговор побаравме од портпаролот на ресорното министерство Драган Симоноски. Од таму го добивме следниот одговор:
„Ве информираме дека условите во договорите за закуп кои се потпишани со закупците на плажите во општина Охрид во согласност со законската регулатива се многу јасни и Министерството за транспорт и врски целосно ги почитува сите одредби наведени во договорите. Доколку прекинат или не се продолжат договорите за закуп тогаш истите треба да бидат предадени на идните закупци неоптоварени со било какви објекти. Имено, во овој случај не станува збор за раскинување на договорите, туку за договори кои се со измината важност и истекле на 30 септември 2011.
Во самите одредби на договорите кои биле потпишани од страна на закупците стои дека по истекот на договорот, во период од 30 дена треба да се исчисти просторот и да се врати во првобитната состојба. Доколку тоа не е направено, за да се распише нова објава согласно Законот за градежно земјиште треба да биде донесено решение односно заклучок за отстранување на објектите кои се наоѓаат на земјиштето кое е предмет на краткотраен закуп.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top