Ветеранот во редовите на македонската ракометна репрезентација, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој синоќа заедно со капитенот Кире Лазаров беше најдобар стрелец во редовите на „црвено-жолтоте“ со 7 постигнати голови, изрази задоволство по ремито со Шведска (26-26) и покрај пропуштените шанси за победа.
– Да се одигра нерешено со четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство за нас е голем успех. Одигравме добар натпревар, но направивме многу грешки со играч повеќе во нападот. Шведска е репрезентација која ја казнува и најмала грешка, па затоа од четири гола за нас, тие поведоа со три разлика – изјави Алушовски.
Македонската репрезентација денеска во попладневните часови ќе одржи тренинг, а утревечер (18,15 ч.) во второто коло силите ќе ги одмери против Германија, која вчера загуби од Чешка со 27-24.
Во мечевите од групата А во Белград вчера домаќинот Србија ја победи Полска 22-18, а Данска беше поуспешна од Словачка со 30-25.
Резултати и табели
Група А: Србија – Полска 22-18, Данска – Словачка 30-25.
Табела: Данска и Србија по 2 бода, Полска и Словачка 0.
Група Б: Чешка – Германија 27-24, Македонија – Шведска 26-26.
Табела: Чешка 2, Македонија и Шведска по 1, Германија 0.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град