Ем петок 13-ти, ем Василица под маски

Православните христијани утре ја слават Василица или  празник во чест на Свети Василиј Велики. Чествувањето започнува вечерва со палењето на обредните огнови и криењето под ритуалните маски, поради што овој празник редовно се наоѓа помеѓу православните црковни традиции и паганските верувања и обичаи.

 |  Мишел Наумоски  | 
Vasilica
Vasilica

Василица е празник кој меѓу народот често е причина за полемики бидејќи на едно место се споени и паганските ритуали и православните обреди. Сепак, православната црква поучува да се обрне поголемо внимание на чествувањето на големиот чудотворец свети Василиј.

„За жал денес иако сме 2000 години по раѓањето на Христа сеуште имаме пагански традиции кои немаат никаква врска со светото Православие. Секој оној кој се труди да живее уреден православен живот се отргнува од самите оние пагански обичаи, карневали, ставање маски што е спротивно на учењето на светото православие. “

Маскирањето за Василица е поврзано со ритуалот за истерување на лошите сили и демони. Во секоја маскирана група најзначајно место имаат зетот и невестата, а веднаш до нив маските на бабата, дедото и попот. Маскираните тропаат на секоја порта, а домаќините ги даруваат со зрнеста храна, костени, овошје и слатки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top