Изненадување за Божиќните празници на малата Симона Јовеска и подготви независниот советник Љупчо Настоски. Тој во нејзиниот дом донесе новогодишно пакетче, облека и социјален пакет со намирници за големиот христијански празник.
Независниот советник Љупчо Настоски во домот на Симона Јовеска. Ова е мал гест на хуманост за Божиќните празници, вели Настоски. Тој откако го видел прилогот на нашата телвизија за состојбата на малата Мона која има само четири години а сеуште не ја има почуствувано светлината на денот, чекал соодветна прилика за да и укаже мало внимание на неа и на нејзиното семејство. Настоски вели дека досега многу помагал на сиромашни семејства, но овој пат, пред малата Мона, емоциите го совладале и неможе да опише какво е чуството.
Мајката на малата Мона и овој пат не дочека со солзи во очите. Таа е многу изненадена од гестот на Настоски, му укажа благодарност и уште еднаш ја кажа нејзината најголема и досега неисполнета желба за 2012 година.
Силјаноска порача да им се помогне на сите кои имаат реални потреби, да не се чуствуваат заборавени и запоставени во ова општество, во кое секој на свој начин има некаков придонес. И независниот советник Настоски е согласен со ваквата констатација на самохраната мајка и тој смета дека често треба да се прават хумани гестови на они кои навистина имаат потреба од тоа. Тој исто така оваа прилика ја искористи на сите граѓани на Охрид да ги честита празнициве.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град