Пакетчиња за оние кои најповеќе се радуваат. Пратеничката Лилјана Затуроска, заедно со Дедо мраз и група на нејзини сопартици, поделија околу 100 тина новогодишни пакетчиња. Импровизираниот амбиент со новогодишна елка преполна со подароци, очигледно ги исполни очекувањата на најмладите. Пакетчиња имаше за сите деца кои беа тука, но секако приоритет им се даде на оние за кои биле специјално наменети. Затуроска вели дека годинава ова е 15 хумана акција од ваков карактер за ранливите категории на деца.
Претседателот на „Порака Нова“ Соња Маџоска, искажа голема благодарност кон организаторите на денешниот настан. Таа додаде дека за вакви претпразнични денови се јавуваат и други субјекти од градот.
Затуроска вели дека наредната година ќе имаат уште побогата програма во однос на хумани акции од различен карактер. Таа додава дека денес е посебно задоволна од многуте детски насмевки кои и кажаа благодарам за новогодишниот подарок. Од пратеничката канцеларија на ВМРО – ДПМНЕ, денес поделија и календари со посвета на сите нивни соработници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град