Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал.
Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата.
Од пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи рокот за жалба за 30 дена. Охриѓани сметаат дека и тие ќе дадат мал допринос во одбраната на Тарчуловски со собраните потписи.
Инаку оваа иницијатива ја покрена Здружението на граѓани за подршка на Јохан Тарчуловски. Акцијата за собирање потписи беше најавено дека ќе се спроведува само денес, но поради големиот интерес на граѓаните по се изгледа ќе продолжи и во наредните два дена. Само до пладне беа собрани околу 400 тини потписи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град